Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "студенти географи"

Оресундскиот мост кој ги поврзува Данска и Шведска

Оресундскиот мост кој ги поврзува Данска и Шведска

Во минатиот век, доколку некој сакал да патува со сопствено возило од главниот град на Данска-Копенхаген, до главниот град на Шведска-Малме, бил принуден да чека долго време. Но, почнувајќи од 2000-та година, со градењето на Оресундскиот мост времето на патувањето изнесува точно 15 минути. Мостот Оресунд е патна и железничка врска помеѓу Шведска и Данска. Должината на овој мост изнесува 16 km. Оваа патна и железничка инфраструктура се состои од три дела: мост, вештачки остров и … Read entire article »

Filed under: На тема

Интересни факти за Белград

Интересни факти за Белград

01.10.2021 Белград е главен, но и најголем град во Србија, кој се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав. Овој град брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,6 милиони луѓе. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа по Истанбул, Атина и Букурешт. Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Венеција – градот на вода!

Венеција – градот на вода!

01.10.2021 За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и „Огледало на душата“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на вода“, „Градот на мостовите и каналите“… Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Се наоѓа на брегот на Северна Италија, отворена кон Јадранското Море. Венеција е главен град на регионот Венето, а областа помеѓу делтите на реките По и Пијав се нарекува Венецијанска лагуна. Овој туристички рај опфаќа 118 острови. Превозот помеѓу овие острови со 170 канали … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Мистерија на Париските Катакомби – царството на мртвите!

Мистерија на Париските Катакомби – царството на мртвите!

20.09.2021 Тунелите под Париз биле оригинално создадени во 12-тиот век, кога била изградена Богородичната црква (Нотр Дам). На жителите им овозможувале патека под метежот на градот, преку која ќе стигнат до црквата. Во текот на доцните години од 18-ти век, цела улица се срушила, и открила што се криело под неа. Градската управа решила да ги доизгради тунелите, и секој да го означи како улица која се протега над нив. За да се спречи понатамошно рушење … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

02.07.2021 Во Преспанска Котлина се сместени двете прекрасни Преспански езера – Големо и Мало езеро, а во околината на Преспа се наоѓаат голем број на села кои изобилуваат со своја убавина и кои се посетени од голем број на туристи. Секако, едно од тие села е малото место наречено Крани, кое под свои закрила го држи автокампот „Крани“, што крие голем потенцијал, преубави капацитети и природни убавини. Крани е вистинско место за одмор, опуштање и релаксација. Крани … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Топ 10 атрактивни домашни дестинации за ова лето

Топ 10 атрактивни домашни дестинации за ова лето

24.06.2021 Иако летото е годишно време кое асоцира на море, сепак Македонија е земја која располага со голем број туристички атракции кои изобилуваат со извонредна „летна убавина“. Далеку од градската гужва и вообичаените летни дестинации, во прилог се издвоени 10 атракции во Македонија, кои со својата уникатност пленат со својата убавина и се прикладни места за да „избегате“ од летните горештини. 1.Трпејца Трпејца е село сместено на брегот на Охридското Езеро и е старо повеќе од околу десет … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

14.06.2021 Патувањето е една од најисполнителните работи за секој човек. Сите ние патуваме од различни причини. Некој патува со цел да се одмори и рекреира, некој со цел да спортува, некој патува со цел да запознае нови луѓе и култури и слично. Во овој случај, Црна Гора е мала земја, но со изобилство на природни убавини, културни знаменитости и можности за патување, уживање, одмор и туристичко разгледување. Таа е земја на море и планина, чиста природа … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Езерото Водоча – синото око на Струмица

Езерото Водоча – синото око на Струмица

14.05.2021 Езерото Водоча се наоѓа во непосредна близина на градот Струмица, со координати 41°25’1″N, 22°33’23″E, на околу 7 km западно од градот. Претставува акумулационо езеро кое е изградено во 1966 година со цел да снабдува со вода дел од Струмичката котлина. Се наоѓа на сливот на реката Водочница. Со површина од 1,9 km² и длабочина од 42 метри, езерото Водоча претставува едно од поголемите акумулации во источниот дел на Македонија, заедно со езерата Гратче и Мантово. Подрачјето … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Најголемиот активен вулкан во Европа – Етна повторно „се разбуди“

Најголемиот активен вулкан во Европа – Етна повторно „се разбуди“

30.01.2021 Вулканите се отвор или пукнатина во Земјината кора низ кои магмата избива на површината како лава. Вулканите можат да бидат класифицирани според јачината и честотата на нивните ерупции. Еден од најфасцинантните активни вулкани на Земјата е Етна. Етна е стромболски вулкан на источниот брег на Сицилија. Името Етна доаѓа од Грчки Aitne, од aithō  што во превод значи „Јас горам”. Грците создадоа легенди за вулканот, велејќи дека тоа е работилницата на Хефест и Киклопи или … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Рованиеми – Вистинскиот дом на Дедо Мраз

Рованиеми – Вистинскиот дом на Дедо Мраз

26.12.2020 Доколку сакате да го запознаете Дедо Мраз, треба да го посетите неговиот дом во Santa Claus Village, лоциран во градот Рованиеми, центарот на Лапонија. Рованиеми е најголемиот населен град во близина на Арктичкиот круг. Финците уште го нарекуваат и „Врата на Лапонија“. Се наоѓа на околу 6 km јужно од Арктичкиот круг, на самата поларна граница, на вливот на реката Кемијоки и нејзината притока Оунасјоки. Северен Поларен Круг (или Арктички Круг) е еден од петте главни … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено..., По Светот

Лагос – градот на можностите

Лагос – градот на можностите

22.12.2020 Лагос е најнаселениот град во Нигерија и воопшто на Африканскиот континент. Тој е сместен на западните брегови на Африканското копно и претставува единствениот град во Африка, кој се наоѓа на листата на топ 10 најнаселени градови во светот. Поволната географска положба, како главно пристаниште и големите резерви на нафта, овозможиле Лагос да стане главен финансиски, индустриски и културен центар во Нигерија, а и на Африканскиот континент. Поради богатството,  луксузот, модерната архитектура и можностите што ги нуди … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Езеро Комо-Огледало на луксузот

Езеро Комо-Огледало на луксузот

19.12.2020 Леднички езера или со други имиња наречени глечерски или глацијални, претставуваат природни езера кои настанале со топење на мразот. Најчесто се наоѓаат на високите планини и повеќето од нив се со мала површина. Едно од нив е езерото Комо, кое има ледничко потекло во Ломбардија, Италија. Овој природен бисер има доста студена и бистра вода, со исклучителна убавина. Имено, ова интересно езеро претставува „магнет“ за многу туристи и посетители. Вистинското италијанско име на езерото е … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Сиромашните квартови во Манила – синоним за „преживување“

Сиромашните квартови во Манила – синоним за „преживување“

16.12.2020 Метро Манила се наоѓа во јужниот регион на Лузон, најголемиот остров на Филипините, држава архипелаг составена од повеќе од 7000 острови во Југоисточна Азија, во западниот дел на Тихиот океан. Оваа метрополитенска област е поделена на 6 административни делови, кои сочинуваат 17 области, а една од нив е градот Манила – главниот град на Филипините, кој се наоѓа на источниот брег на заливот Манила. Интересен факт за овој град е тоа што претставува најгусто населен … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Тирана – склоп на модерен и туристички град

Тирана – склоп на модерен и туристички град

13.12.2020 Позиционирана скоро во централниот дел на земјата, Тирана е главен град на политичкиот, економскиот и културниот живот на Албанија. Имено, овој модерен и туристички град се наоѓа на 110 m надморска височина, во западното подножје на планината Дајти (1612 m), односно 25 km од Националниот Парк Дајти. Планината Дајти, позната како Балкон на Тирана, освен што е лоцирана во близина на Јадранското Море, се издига над градот и му дава неверојатен поглед. Воедно, Тирана се … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Фазан – остров со специфична административна организација

Фазан – остров со специфична административна организација

11.12.2020 Oстровот Фазан е лоциран на самата граница помеѓу Франција и Шпанија, на само неколку десетици метри од брегот на двете земји. Се наоѓа во коритото на реката Бидисоа, а неговата територија припаѓа на две одделни нации истовремено. Она што е интересно за овој мал речен остров, е тоа што го менува суверенитетот на секои шест месеци, како дел од редок, вековен договор. Можеби изгледа како ништо посебно, но ова мало парче земја е дом на вековната … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Хилиер – розевото езеро во Австралија

Хилиер – розевото езеро во Австралија

11.12.2020 Понекогаш за да добиеме одговор на прашањата за природата, треба да се потсетиме колку нашата планета е необична. Природата е позната по своите извонредни и чудесни убавини. Една од нив е соленото езеро Хилиер, кое се наоѓа на островот Мидл во западна Австралија. Имено, ова не е единственото розово езеро на светот, но секако најдолго го задржа вниманието на научниците. Блескавата светлорозова површина на езерото Хилиер, гледана од воздух, изгледа како глазура на тркалезна торта … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Окленд – Градот на едрата!

Окленд – Градот на едрата!

30.11.2020 Окленд, не само што е најголемиот град на Северниот Остров на Нов Зеланд, туку и во земјата. Имено, лоциран е во најсеверниот дел на Северниот остров, помеѓу заливот Хаураки на Тихиот Океан на исток, ниските планински венци Хунуа на југоисток, заливот Манукау на Тасманово Море на југозапад и планинскиот венец Ваитакере на северозапад. Централниот дел од населената област го завзема теснецот помеѓу заливот Манукау на Тасмановото Море и заливот Ваитемата на Тихиот Океан. Воедно, Окленд се … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Успешно реализирана првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени

Успешно реализирана првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени

03.10.2020 На ден 29.10.2020 година, се одржа првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени. Заради состојбата со пандемијата, конференцијата се одржа on-line, на платформата “Zoom”. На настанот учествуваа шест млади истражувачи (студенти и дипломци) од неколку различни факултети, кои ги презентираа своите трудови на една од најактуелните теми во светот – влијанието на климатските промени согледано од повеќе аспекти. Конференцијата ја отвори главниот координатор на Студентската Конференција за Глобални Климатски Промени – Јане Влахов, а огромна подршка … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, На тема