Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "теренска настава"

Теренска настава во околината на Кожуф и Кавадарци

Теренска настава во околината на Кожуф и Кавадарци

15.05.2020 Учениците од Oсновното училиште „Стојан Бурчевски Буридан“ Иванковци-Велес и оваа учебна година реализираа теренска настава од рекреативно-едукативен карактер. Овој пат целта што си ја поставивме беше планината Кожуф и областа околу Кавадарци, со посета на повеќе географски објекти. Се разбира, за да ја реализираме успешно планираната теренска настава, клучна улога имаше и времето, каде што чекавме убав сончев викенд. На почетокот на oктомври тргнавме на нашето патување од с.Иванковци, Велешко и се упативме кон Кавадарци. … Read entire article »

Filed under: Активности, На тема, Наставни

Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

18.05.2012 Во рамките на своите планирани активности за теренски настави, Институтот за географија, за студентите од I и II година од насоката за туризам, организираше теренска настава на релацијата: Скопје-Метеори-Солун-Серес-Дојран-Скопје. Притоа, како главна цел на ова теренска настава беа следните туристички локалитети: “Метеори”, комплекс на манастири и цркви кои потекнуваат од крајот на XIV век и кои се наоѓаат во непосредна близина на гратчето Каламбаки, потоа манастирската пештера и црква “Света Параскева”, во долината на реката … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Географска теренска настава до с. Росоман

Географска теренска настава до с. Росоман

18.05.2012 Во вторник, на 15.05.2012 година се изведе теренска настава со група студенти од трета година на Институтот за географија. Учесниците не ги поколеба ниту студот и дождот. За среќа, временските услови во текот на денот се подобрија, па патувањето беше успешно реализирано. Тоа беше вистински доказ дека упорноста се исплати. Иако првичната предвидена релација беше теренската настава да се изведе до селото Витолиште во Мариово, каде требаше да се видат нагласените демографски промени во просторот, … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Посета на Географскиот факултет во Белград и теренска настава низ Војводина

Посета на Географскиот факултет во Белград и теренска настава низ Војводина

11.05.2012 Соработката помеѓу Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и  Географскиот факултет од Белград продолжи и оваа година. Студентите од прва и втора година на студиите по демографија заедно со професорите проф. д-р Мирјанка Маџевиќ, доц. д-р Билјана Апостоловска Тошевска, проф. д-р Ивица Милевски и Анита Тодорова во периодот од 6 до 9 мај оваа година беа гости на Катедрата за демографија при Географскиот факултет во Белград. Во улога на домаќини беа проф. д-р … Read entire article »

Filed under: Наставни

Теренска настава-прирачник по географија

Теренска настава-прирачник по географија

Во септември 2011 година, од печат излезе прирачникот по географија Теренска настава. Автори на учебникот се универзитетските професори д-р Никола В. Димитров, доцент на Факултетот за бизнис и логистика при Универзитетот Гоце Делчев и проф. д-р Благоја Маркоски, редовен професор на Институтот за географија-ПМФ, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Издавач на прирачникот е ГЕОМАП од Скопје. Ова е прв прирачник кој во целост ги запознава и води наставниците по географија, во теориските и практичните вештини … Read entire article »

Filed under: Наставни