Почитувани студенти, поради влошената состојба со COVID-19, испитите во првата декада (17.06.2020 - среда) ќе се одржат online. Поради тоа што сите студенти не се во целост добро запознаени со платформата Microsoft Teams, за да не настанат проблеми од видот на неуспешно превземање на код, проблеми со вклучување во конкретeн предмет и сл., испитите ќе се реазлизираат на поедноставен начин, односно преку интернет алатката Skype. За таа цел секој од вас ќе треба од вашиот skype профил да ме додаде мене и во порака да ја испрати првата страница од индексот (име презиме, број на индекс...) во вид на слика. Откако ќе ја испратите сликата треба исто така да нагласите (напишете во пораката) кој предмет ќе го полагате. Пријавувањето треба да го направите до 08:00 часот, среда (17.06.2020). Исто така, испитите треба да ги пријавите и во iknow системот. Испитот ќе се реализира преку усно испрашување, исто како усно испрашување во нормални услови на факултет, по двајца до тројца студенти во група. Со индексот треба да се легитимирате пред започнување на полагањето на испитот.  Испитот ќе започне во 10:00 часот. Испрашувањето ќе се одвива редоследно по предмети: Алтернативни форми на туризмот, Менаџмент во туризмот, Просторното планирање и туризмот, Просторно планирање, Урбани системи и Сообраќајна со туристичка географија. Затоа, почнувајќи од 10:00 часот треба да бидете online пред вашите комјутери, таблети, телефони и сл. и да чекате да бидете повикани на испит од моја страна. Доколку имате некои прашања контактирајте ме на email или skype.