Почитувани студенти, испитите во втората декада (30.06.2020 - вторник) и третата декада (06.07.2020 - понеделник) ќе се одржат online. Испитите ќе се реазлизираат преку интернет апликацијата Skype. За таа цел секој од вас ќе треба од вашиот skype профил да ме додаде мене и во порака да ја испрати првата страница од индексот (име презиме, број на индекс...) во вид на слика. Откако ќе ја испратите сликата треба исто така да нагласите (напишете во пораката) кој предмет ќе го полагате. Пријавувањето треба да го направите до 21 часот претходниот ден. Испитите треба да ги пријавите и во iknow системот. Испитот ќе се реализира преку усно испрашување, слично на усно испрашување во нормални услови на факултет, по двајца до тројца студенти во група. Секој студент ќе има соодветно време за одговарање на прашањата и ќе мора да одговори веднаш по поставеното прашање, со вклучена камера и поглед кон камерата. Со индексот треба да се легитимирате пред започнување на полагањето на испитот.  Испитот ќе започне во 10:00 часот. Испрашувањето ќе се одвива редоследно по предмети: Алтернативни форми на туризмот, Менаџмент во туризмот, Просторното планирање и туризмот, Просторно планирање, Урбани системи и Сообраќајна со туристичка географија. Затоа, со почеток од 10:00 часот треба да бидете online пред вашите комјутери, таблети, телефони и сл. и да чекате да бидете повикани на испит од моја страна. Доколку имате некои прашања контактирајте ме на email или skype.