Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Астрономите пронајдоа „воскреснувачки“ комети помеѓу Марс и Јупитер

Астрономите пронајдоа „воскреснувачки“ комети помеѓу Марс и Јупитер

7.08.2013

На 2 август оваа година, тим од врвни астрономи објавија дека откриле големо “кометско гробје” во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер, додавајќи дека некои од згаснатите комети под влијание на Сонцето или на Јупитер повторно “воскреснуваат”. Кометите се мали небесни тела во Сончевиот систем создадени од мраз и прашина, кои кога ќе се приближат до Сонцето, делумно испаруваат и така доаѓа до настанување на специфичниот феномен кој го нарекуваме опашка на кометата. Поголем дел од набљудуваните комети имаат изразито елипсоидна орбита, што е причина поретко да се приближуваат кон Сонцето. Некои од кометите можат да се видат почесто, а најпозната меѓу нив е Халеевата комета која не посетува на секои 76 години. Најчесто се верува дека кометите потекнуваат од Кајперовиот појас, кој се наоѓа зад патеката на Нептун или пак од Ортовиот облак, кој се наоѓа зад Плутон, на надворешната граница од Сончевиот систем. Последниве 10 години од страна на астрономите се откриени најмалку 12 активни комети во третата област на Сончевиот систем, во појасот на астероидите кој се протега помеѓу Марс и Јупитер. Ваквите интересни откритија беа повод за подетални истражувања од страна на тимот на познатиот астроном Игнасио Ферин. Досега се верувало дека овој небесен дел служи како еден вид депонија за карпестите небесни тела (астероидите). “Замислете ги сите тие астероиди, кои со векови се движат околу Сонцето, без никаков знак за активност”, вели Ферин, притоа додавајќи дека некои од овие астероиди не се само мртви камења, туку успиени небесни тела кои сеуште можат да се вратат во живот доколку енергијата која ја добиваат од Сонцето би пораснала за само неколку проценти. “Тоа се Лазарус кометите, кои воскреснуваат после илјадници, па дури и милиони години”, продолжува понатаму со своето објаснување астрономот Игнасио Ферин, алудирајќи на библиската личност кој Исус го вратил од мртвите. Кога поминуваат во близина на Јупитер, се јавува одредена промена во движењето на кометите поради огромната привлечна сила на оваа џиновска планета. Тоа понекогаш доведува до намалување на одалеченоста на кометите од Сонцето, а тоа може да биде главна причина за нивното “будење”. Според оваа теорија секоја Лазарус комета, еден ден би можела да биде реактивирана.

Извор: http://www.dailymail.co.uk

Подготвила: Александра Георгиевска

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*