Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Archive

Повик за учество на 5-тиот Конгрес на географите од Република Македонија!

Повик за учество на 5-тиот Конгрес на географите од Република Македонија!

30.03.2015 Македонското географско друштво како општествена организација во чиј состав влегуваат сите дипломирани географи, егзистира над 65 години. Во рамките на својата историја до сега имало активно учество во сверата на организацијата на научни собири со меѓународно учество, така што негови членови учествувале на 13 конгреси на географите од поранешна Југославија, од кои 8-миот Конгрес беше токму во организација на Македонското географско друштво. Во независна и самостојна Република Македонија Македонското географско друштво согласно Статутот, на секои … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Коринтски канал – најтесниот морски канал во Светот

Коринтски канал – најтесниот морски канал во Светот

29.03.2015 Познатиот Коринтски Канал кој го дели Полуостровот Пелопонез од грчкото копно, односно ги поврзува Саронскиот со Коринтскиот Залив во Егејското Море, со само 21,3 метри во ширина е еден од најтесните поморски канали во светот и претстваува вистинска туристичка атракција во светски рамки. Коринтскиот Канал е долг 6,4 км, висок 63 м, но поради неговата „кнап“ ширина им претставувал ноќна мора на многу капетани на бродови кои морало да минуваат низ него. Името го добил по … Read entire article »

Filed under: По Светот

Од утре преминуваме на летно сметање на времето

Од утре преминуваме на летно сметање на времето

28.03.2015 Утре (недела 29 март), во 2 часот наутро, Република Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Тогаш стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот. За разлика од зимското време кое е „реално“ и „вистинско“, летното време е административно или указно. Истото ќе заврши во недела на 25 октомври во 3 часот по полноќ, кога повторно ќе се премине на зимското, реално време. Летното или уште … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Повторно се зголемува ризикот од поплави и свлечишта!

Повторно се зголемува ризикот од поплави и свлечишта!

27.03.2015 Долготрајните врнежи кои паѓаат на подрачјето на нашата држава веќе подолг период, предизвикаа натрупување на голема водена маса. Според проценка од извештаите, просечно за целата држава, во минатиот месец наврнаа над 100 мм врнежи, или вкупна водена маса од 4 милијарди метри кубни! Воедно, во следните 10-тина дена се очекува пораст на дневните температури, што може да предизвика забрзано топење на снегот во високите планински подрачја, превлажнување на подлогата и појава на „нестабилност“ со лавини, одрони и свлечишта. … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Голема посетеност на денешниот семинар за наставници по географија!

Голема посетеност на денешниот семинар за наставници по географија!

21.03.2015 Согласно програмските активности, претседателството на Македонското географско друштво, денес, на ден 21.03.2015 година (сабота) во просториите на големиот „физички“ амфитеатар при Природно-математичкиот факултет во Скопје во терминот од 10 до 14 часот организира стручен семинар за наставниците и професорите по географија во основните и средните училишта. Семинарот беше наменет запознавање со тековните случувања и новини, како и за стручно усовршување на наставниците во основните и средните училишта во по предметот географија во Република Македонија. Радува фактот што … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Нишиношима – новиот остров на картата на светот!

Нишиношима – новиот остров на картата на светот!

15.03.2015 Како последица на вулканската активност, уште во 1974 година на 950 км јужно од Токио се појавил нов остров во морето наречен Нишиношима. Островот бил релативно „мирен“ до 2013 година, кога во негова непосредна близина, повторно како последица на вулкански ерупции се појавил уште еден сосема мал нов остров, наречен Нииџима. За помалку од две години (од ноември 2013 година кога за прв пат бил забележан), Нииџима ја зголеми својата површина дури за 11 пати. Во првите испитувања … Read entire article »

Filed under: По Светот

Пропозиции за одржување на натпреварите по географија за ученици од основните и средните училишта!

Пропозиции за одржување на натпреварите по географија за ученици од основните и средните училишта!

14.03.2015 Претседателството на Македонското географско друштво во соработка со регионалните друштва, советниците по географија, наставниците и професорите, традиционално организира натпревари по географија. Во учебната 2014-2015 година натпреварите по географија ќе се одржат на училишно, општинско, регионално и државно ниво. Согласно одлуката на Македонското географско друштво за натпреварите по географија се предвидени следните теми: Теми за натпревари за основно образование: Содржините од учебникот за осмо одделение кои се однесуваат на Европа Теми за натпревари за средно образование: Содржини од учебникот за … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Во сабота, 21 март, МГД организира семинар за наставниците по географија

Во сабота, 21 март, МГД организира семинар за наставниците по географија

14.03.2015 Согласно програмските активности, претседателството на Македонското географско друштво на ден 21.03.2015 година (сабота) во просториите на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во терминот од 10 до 14 часот организира стручен семинар за наставниците и професорите по географија во основните и средните училишта. Семинарот е наменет за стручно усовршување на наставниците во основните и средните училишта по предметот географија. Главни теми за расправа се: Природните науки и географијата и Географијата и глобализацијата За семинарот се предвидени … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Теренска настава до селото Папрадиште, предводена од ИЗСГ Природник

Теренска настава до селото Папрадиште, предводена од ИЗСГ Природник

По подмладувањето на ИЗСГ Природник (ЕГЕА Скопје), новиот управен одбор го организираше својот прв терен во велешското село Папрадиште. Организатори на ова патување беа подпретседателот Симона Божиновска и благајникот Магдалена Димитриевска. Теренската настава се одржи од 06.04.2015год. до 08.04.2015год. Присуствуваа 14 студенти, тројца дипломирани географи, и двајца гости од Република Чешка. Новиот терен го започнавме од железничката станица во с.Богомила каде со такси се упативме кон с.Папрадиште, а таму не дочека снежна прекривка која на … Read entire article »

Filed under: Природник...