Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » По Светот » КРАКАТАУ – МОЌНИОТ ВУЛКАН

КРАКАТАУ – МОЌНИОТ ВУЛКАН

Местоположба на КракатауВулканот Кракатау познат уште како Кракатоа, се наоѓа во рамки на Индонезија, сместен помеѓу островите Суматра и Јава т.е. на малиот  – Сундски Архипелаг. Претставува вулкан кој се одликува со разновидна активност, по која се издвојува како посебен тип на вулкан. Покрај продукцијата на лава и гасови, работата на овој вулкан се одликува со силни експлозии, проследени со исфрлање на огромни количини на пареа, гасови и пирокластичен материјал. Имено неговата активност е поврзана со субдукцијата (подвлекувањето) на Индиско-Австралиската плоча под Евро-Азиската плоча. Историскиот развој на Кракатау може да се подели на три периоди: период до 1883 година, период за време на 1883 година и период по 1883 година. Ваквата поделба во предвид ја зема мноќната ерупија од 1883 година. Првиот период е карактеристичен со повеќе ерупции, во кои воглавно бил создаден островот Кракатау, составен од три вулкански купи (Раката, Данан и Пербуатан).

Во 1883 година, доаѓа до будење на овој вулкански систем. Најпрво на 20 мај интезивно се активира една од вулканските купи, а подоцна на 27 август доаѓа до силна експлозија во која настануваат крупни промени, исчезнува поголемиот дел од островот како и вулканските купи, кои биле разурнати. На нивно место се создала депресија во морето длабока до 279 m. Имено оваа експлозија била неколку илјади пати посилна од атомската бомба во Хирошима. Предизвикала разбранување на атмосферата, чии бранови за 4,5 пати ја обиколиле Земјата. Покрај ова, експлозијта се слушнала на големи далечини (преку 3.400 km). А Анак Кракатау - Кракатау денесшто е најтрагично, создала цунами бранови високи до 35 m, кои  усмртиле над 36.000 луѓе (најголем дел од островите Јава и Суматра). За време на ерупцијата во 1883 година, од Кракатау биле исфрлени 21 km ³  вулкански материјал.

Во период по 1883 година, Кракатау на почетокот се одликува со мирна фаза (фаза на неактивност), која трае се до 1927 година. Од тогаш, започнува повторното раѓање на Кракатау, првин се издигнува над морското ниво во форма на остров-срп, познат како Анак Кракатау (детето на Кракатау). Со тек на времето, Кракатау се повеќе се издигнувал и надградувал над калдерата. Така денес повторно претставува остров со издигната вулканска купа, чија височина достигнува до 300 m над морското ниво.

Подготвил: Дарко Стојчески

Литература:

– Боев Б.(2006) Општа Геологија, Скопје

– Колчаковски Д. (2006) Геоморфологија, високошколски учебник, Скопје

Интернет страни:

http://en.wikipedia.org/wiki/Krakatoa

http://www.irfamedia.com/lampung/krakatau.htm

http://www.geology.sdsu.edu/how_volcanoes_work/Krakatau.html

http://www.photovolcanica.com/VolcanoInfo/Krakatau/Krakatau.html

Оваа статија е прочитана 4563 пати!

Објавено од:

Од категорија: По Светот · Tags: , , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger